Од НБА клубот Голден Стејт вориорс, ги негираа информациите дека за нивната суперѕвезда Стеф Кари, оваа сезона е завршена.

Кари имаше операција на скршената коска во десната дланка, и од клубот потврдија дека паузата ќе биде подолга од првично прогнозираната од три месеци, но тоа што повредата е потешка отколку што се мислеше, не значи дека Кари нема да може да игра до април.

Клубот кој летоска се пресели од Оукленд во Сан Франциско, очекува Кари да се врати на терен кон крајот на сезонава, а некаде во февруари ќе се знае точно кога бекот ќе може повторно да игра.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2019 11:44