Крилото на Бостон селтикс, Гордон Хејворд, нема среќа со повредите откако стана член на „келтите“.

Хејворд на првиот меч како кошаркар на Селтикс во 2017 година, се здоби со страшна повреда, ја скрши ногата и паузираше цела година, а синоќа на гостувањето на Бостон во Сан Антонио, ја повреди раката, и рентгенските снимки покажаа дека има скршеница.

Не се знае колку ќе треба да паузира Хејворд, но тимот од Бостон нема да го има на располагање во следните неколку месеци, и тоа ќе биде сериозен хендикеп, ако се знае дека просекот на Хејворд е 20,3 поени и 7,9 скока по меч.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2019 12:16