Женската тениска репрезентација на Франција, по трети пат во историјата е шампион во Федерејшн купот.

Во клучната битка за трофејот, Французинките во дубл мајсторка ја совладаа домашната Австралија. Клучната победа беше во игра на двојки, кога Каролин Гарсија и Кристина Младеновиќ ги совладаа Ешли Барти и Саманта Стосур со 6:4, 6:3.

Французинките го освојуваа Фед купот и во 1997 и 2003 година. Тие трипати губеа во двојки во решавачки петти сет, но овојпат го разбија малерот и дојдоа до трофејот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2019 13:17