Македонскиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ, за 13 минути игра постигна четири поени, а имаше и по три асистенции и загубени топки, во драматичната победа на Хувентуд против Сарагоса.

Тимот од Бадалона славеше со 92:90 во меч на кој Сарагоса водеше со 88-84 на две минути до крајот, а на четири секунди до крајот, при 92:90, домашните имаа две слободни фрлања кои не ги реализираа. Тука не беше крајот, Сарагоса имаше офанзивен скок на две секунди до крај, но пак ги утнаа двете слободни.

После осум кола во шпанската лига, Хувентуд има по четири победи и порази. Димитријевиќ и другарите тргнаа со четири порази, а сега имаат четири триумфи по ред.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 01:23