Гостивар го порази Кожув во дербито на првата македонска кошаркарска лига, додека Еуро Никел немаше проблем со младиот тим на МЗТ Уни банка и го победи со 96:61.

Гостиварци беа во минус од 47:59 на 30 секунди до крајот на третата четвртина, но со неверојатна серија до 24:0 направија пресврт, и на крај триумфираа со 81:71. Доналдсон со 31 и Џелетовиќ со 17 поени беа најефикасни во тимот на тренерот Србиноски.

После ова петто коло, шест тима се издвоија на табелата, и тие ќе водат битка за што подобра позиција во суперлигата. Гостивар, Еуро Никел, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром имаат по девет, а Кожув и Куманово по осум бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 01:55