Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека би сакал да остане во тимот и по истекот на неговиот договор кој има важност до крајот на 2020 година.

– Сè уште нема одлука, но јас дефинитивно уживам во тоа што го правам сега и не гледам причина да престанам со тоа. Кога има предизвик, а новите правила се неверојатен предизвик за мене како пилот, тоа е вистинска можност да ги покажам своите вештини, да покажам што научив низ годините и да му помогнам на тимот да избере вистинска насока, да го изгради најбрзиот автомобил и да го подобри. Затоа не се гледам никаде на друго место. Навистина ми се допаѓа во Мерцедес. Драго ми е што сум дел од овој бренд и нејзината историја. Значи, главната идеја е да останам тука, изјави Британецот.

Хамилтон оваа сезона која сè уште не е завршена, ја обезбеди шестата титула шсветски шампион во Формула 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 09:52