Бранителот на трофејот во НБА лигата, тимот на Торонто репторс, утрово загуби на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс со 98:88. Победникот беше решен во последната четвртина која домаќините ја добија со 25:10.

За Торонто ова е трет пораз сезонава, додека ЛА клиперс ја забележа седмата победа.

Резултати на другите натпревари играни ноќта меѓу понеделник и вторник: Детроит – Минесота 114:120 Бостон – Далас 116:106 Сан Антонио – Мемфис 109:113 Њу Орлеанс – Хјустон 116:122 Голден стејт – Јута 108:122.

Пласман во Западната конференција: ЛА лејкерс 7-2 (победи-порази), Денвер 7-2, ЛА клиперс 7-3, Јута 7-3, Хјустон 7-3,…

Поредок на Исток: Бостон 8-1, Милвоки 7-3, Торонто 7-3, Мајами 6-3, Филаделфија 6-3,…



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 11:57