Кошаркарот на Торонто репторс, Паскал Сијакам и членот на Хјустон рокетс, Џејмс Харден, се прогласени за најдобри играчи во третата недела од сезоната во НБА 2019/20, се наведува во официјалната веб-страница на лигата.

Најдобар играч во Источната конференција е Паскал Сијакам. Во просек, тој постигна 30,3 поени по натпревар, забележа 11,3 скокови и 4,3 асистенции. Торонто победи на сите три натпревари минатата недела.

Најдобар играч во Западната конференција во НБА беше Џејмс Харден. Неговиот просечен учинок беше 40,7 поени, 8 скокови и 9,3 асистенции. Хјустон исто како и Торонто победи на три од три натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 12:09