Швајцарецот Роже Федерер беше подобар од Италијанецот Матео Беретини со 7:6, 6:3, и ја извојува првата победа во вториот настап на завршниот Мастерс турнир во Лондон.

Со оваа победа во меч кој траеше 77 минути, Федерер остана со шанса за пласман во полуфиналето, но за да успее, ќе треба да го совлада и Новак Ѓоковиќ, кој вечерва игра со Доминик Тим. После тој дуел, ќе се прават сите можни калкулации околу тоа кои двајца тенисери ќе продолжат во битката за трофејот.

Ако Тим го победи Ѓоковиќ, Австриецот уште вечерва ќе биде сигурен полуфиналист. Ѓоковиќ и да слави против Тим, би имал две победи, но ќе мора да го чека последното коло за официјална промоција во полуфиналето.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 18:48