Екипата на одбојкарскиот клуб Вардар, вечерва претрпе убедлив пораз од 3:0 во сетови на гостувањето кај чешкиот претставник во Челинџ купот на ЦЕВ, Карловарско.

Карловарско сетовите ги доби со 25:11, 25:20 и 25:19, со што стекна одлична предност пред реваншот кој ќе се игра во салата „Кале“ во Скопје на 27 ноември.

Вардарци со цел што подобро да се претстават на европска сцена се засилија со Симовски, Маџунков, Михаилов и Илиев, како и со еден Србин и Јапонец, но чешкиот тим се покажа како многу квалитетен противник.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2019 22:10