Грчкиот тенисер Стефанос Циципас синоќа го совлада Германецот Александар Зверев со 2-0, по сетови 6:3 и 6:2. По оваа победа Циципас обезбеди место во полуфиналето на завршниот АТП Мастер во Лондон.

На првиот меч од 2.коло во А-групата, Надал беше поуспешен од Данил Медведев со 2-1.

Вториот учесник во полуфиналето ќе се знае по дуелите од 3.коло во кое Циципас игра со Надал, Медведев со Зверев.

Наградниот фонд на турнирот во Лондон изнесува девет милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 11:25