Ветеранот Валентино Роси го прокоментира повлекувањето на трикратниот светски шампион во МотоГП, Хорхе Лоренцо.

Шпанецот ја објави својата одлука три дена пред последната трка и една година пред истекот на договорот со Хонда.

– Мислам дека тој е сигурно еден од најголемите пилоти на МотоГП во модерната ера на Шампионатот. Мислам дека губиме многу важен дел од нашиот спорт. Тој е голем шампион кој многупати ме изненади со својата брзина и концентрација. Откако дојде во МотоГП, уште од првиот момент беше силен, па така се претставуваше десет години. Долго време сме колеги. Многу години го делевме боксот и би рекол дека тој е еден од моите најсилни конкуренти. Жално е што тој си заминува, но мило ми е што тој е добро и му посакувам многу среќа во иднина, ја прокоментира Роси ситуацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2019 13:08