По победата против Новак Ѓоковиќ во клучниот натпревар во групната фаза на завршниот АТП турнир во Лондон, Роџер Федерер чека да го дознае името на неговиот ривал во полуфиналето. Ова ќе се случи по одигрувањето на последните два натпревари од групната фаза: Рафаел Надал – Стефанос Циципас и Даниел Медведев – Александар Зверев.

Федерер, Австриецот Доминик Тим и грчкиот тенисер Циципас се тројца играчи со загарантирано место во полуфиналето, а четвртото име ќе биде јасно вечерва. Секој од тројцата претенденти за следната фаза во групата „Андре Агаси“ – Надал, Медведев и Зверев, има шанса да се пласира напред. Тоа значи дека Федерер би можел да се соочи со својот голем ривал, Надал, во сабота.

За тоа да се случи, Надал нужно мора да го победи Циципас во раниот натпревар денес, а потоа Шпанецот мора да почека за поволен резултат од мечот меѓу Медведев и Зверев. За да продолжи Надал, Медведев мора да победи против минатогодишниот шампион Зверев. Интересно е што Надал не може да заврши на второто место во групата „Агаси“. Рафа може да стане само прв во својата група и ако може да го стори тоа, ќе се соочи со Федерер, кој заврши на второто место во групата „Бјорн Борг“.

Надал има сериозна предност во своите директни дуели со Федерер (24-16 во победи), но Швајцарецот победи во четири од петте меча меѓу нив во заврниот АТП турнир. Петтата од рекордните 6 титули на финалниот турнир за Федерер дојде по успехот во финалето против Надал – 6:3, 3:6, 6:1 во 2010 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2019 16:26