Екипата на Бостон Селтикс го совлада Голден Стејт Вориорс со 105-100 во дуел од регуларниот дел на НБА.

„Воините“ го започнаа натпреварот подобро од противникот и рано направија 15 поени разлика во првата четвртина, што беше намалена на девет по крајот на воведните 12 минути. Постепено, лидерот во Источната конференција се созеде и ги ограничи пулените на Стив Кер на 19 поени во втората четвртина за да поведе со еден на паузата – 52:51. Потоа, Селтикс ја задржаа својата предност, спречувајќи ги храбрите млади „воини“ да го свртат мечот.

Џејсон Тејтум со 24 поени беше најефикасен, додека Џејсон Браун и Кемба Вокер додадоа 22 и 20, соодветно.

Алекс Буркс заврши со 20 поени за домаќините, додека Дрејмонд Грин, кој се врати по повредата заврши со 11 поени и 11 скока, но нивните напори се покажаа како крајно недоволни за трикратниот шампион во НБА.

Селтикс се поздрави за десеттиот последователен успех во лигата, додека за „воините“ тоа беше шести последователен пораз.

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 109: 106 Орландо Меџик – Сан Антонио Спарс 111: 109 Хјустон Рокетс – Индијана Пејсерс 111: 102 Мемфис Гризлис – Јута џез 107: 106 Минесота Тимбервулвс – Вашингтон Визардс 116: 137 Оклахома Сити Тандер – Филаделфија 76-ерс 127:119 по продолжение Л.А Лејкерс – Сакраменто Кингс 99:97.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2019 12:02