Макс Верстапен со Ред Бул ја освои пол-позицијата по денешните квалификации за ГП на Бразил во Формула 1. Холанѓанецот ги запре хронометрите на 1:07.508, а досега не успевал да се пласира во првите три на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло.

Макс остави зад себе двајца светски шампиони со вкупно 10 титули: Себастијан Фетел за Ферари даде второ време, додека Луис Хамилтон со Мерцедес се најде на третото место.

Шарл Леклер даде четврто време, но тој ќе започне за десет места поназад бидејќи е казнет за промена на компонентите на моторот.

Валтери Ботас со вториот Мерцедес се најде на петтото место, а Алекс Албон со Ред Бул ги затвори топ 6.

Пјер Гасли, со кого си ги сменија местата, даде седмо време за Торо Росо со повеќе од една секунда заостанување.

Во топ 10 влегоа и Ромен Грожан со Хас, Кими Раиконен со Алфа Ромео и Кевин Магнусен со Хас.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2019 11:19