Австриецот Доминик Тим ќе игра против Стефанос Циципас во финалето на завршниот АТП турнир во Лондон утре. Дуелот започнува во 19 часот по македонско време.

Тим го победи минатогодишниот шампион Александар Зверев (Германија) со 7:5, 6:3 и за прв пат во својата кариера ќе игра во финалето на престижното натпреварување во англиската престолнина.

Во првото полуфинале, Циципас (Грција) го совлада 6-кратниот шампион Роџер Федерер (Швајцарија) со 6: 3, 6: 4.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2019 11:20