Проблемите со Голден Стејт продолжуваат со полна сила и навивачите на тимот веројатно сметаат дека некој ја проколнал организацијата, откако ДиАнџело Расел нема да игра некое време.
Бекот ќе пропушти најмалку 2 недели од кампањата поради повреда на палецот, добиена на натпреварот против Бостон. Расел ќе биде аут за неколку натпревари и ќе биде прегледан повторно за околу 15 дена.
Ова е уште една лоша вест за „воините“, иако ситуацијата не е сериозна, откако Расел ќе се врати на теренот на крајот на месецот или на почетокот на декември.
Инаку, проблемите за Голден Стејт започнаа кон крајот на минатата сезона, кога Клеј Томпсон и Кевин Дурант претрпеа сериозни повреди што ги спречија да играат во текот на оваа кампања, а крилото дури и замина во Бруклин.
Стеф Кари пак ја скрши раката и нема да игра барем 3 месеци, а некои резерви како Кевон Луни, Џејкоб Еванс и Демијан Ли се повредени, додека дебитантот Ален Смајлагиќ ќе ја пропушти цела сезона.
Резултати од НБА:
Минесота – Хјустон 105:125 Чикаго – Бруклин 111: 117 Индијана – Милвоки 83: 102 Њујорк Никс – Шарлот 102: 103 Мајами – Њу Орлеанс 109: 94 Далас – Торонто 110: 102 Сан Антонио – Портланд 116: 121 Л,А, Клиперс – Аталанта 150: 101
Пласман по дивизии:
Источна конференција: Атлантик дивизија: Бостон 10 победи / 1 пораз, Торонто 8/4 Централна дивизија: Милвоки 9/3, Индијана 7/6 Југоисточна дивизија: Мајами 9/3, Шарлот 6/7
Западна конференција: Северозападна дивизија: Денвер 8/3, Јута 8/4 Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс 10/2, Феникс 7/4 Југозападна дивизија: Хјустон 10/3, Далас 7/5..