Шампионот на Мото2, Алекс Маркез, се приближува до договор со Хонда во кралската класа на моторцикли, открива „Аутоспорт“.

Братот на sвездата во тимот се соочува со можност да го замени петкратниот шампион Хорхе Лоренцо, кој се повлекува по последната трка за сезоната 2019.

Покрај Алекс Маркез, фаворити за испразнетото место кај шампионите се Кал Крачлоу и Јоан Жарко.

Марк Маркез веќе коментираше дека не сака да влијае на одлуката на тимот, а менаџерот на тимот Алберто Пуч призна дека младиот талент е опција за местото на Лоренцо.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2019 14:37