Светскиот шампион во МотоГП за 2019 година, Марк Маркез комплетираше неверојатна сезона со десетици скршени рекорди.

Шпанецот со мотоциклот на Хонда забележа вкупно 12 победи во кралската класа по неговиот успех во Валенсија и стана првиот пилот со освоени над 400 поени – 420.

– Беше тежок викенд затоа што испробавме многу различни работи. Работевме многу, многу напорно. За нашиот тим, нашата цел беше да ја освоиме третата титула. Хонда заслужува да го освои првенството, заради сите специјалисти во тимот – од Јапонија до Шпанија. Совршена сезона. Тешко ќе биде да се повтори, но сега е време да уживаме. Во вторник започнуваат подготовките за 2020 година, прокоментира Маркез по неговиот успех.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 01:10