Шампионот во НБА лигата од пред две години, тимот на Голден стејт вориорс, ноќеска загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс и го забележа седмиот пораз во низа.

За „воините“ ова беше вкупно 12 пораз оваа сезона на 14 одиграни натпревари по што се екипа со убедливо најслаб биланс во лигата.

Резултати на натпреварите одиграни ноќта меѓу недела и понеделник: Мемфис – Денвер 114:131 Орландо – Вашингтон 125:121 Њу Орлеанс – Голден стејт 108:100 Лос Анџелес лејкерс – Атланта 122:101.

Во поредокот на Западната конференција води ЛА лејкерс со биланс 11-2 победи-порази, пред Хјусто со 10-3 и Денвер со 9-3.

На Исток лидер е Бостон со 10-2, пред Милвоки и Мајами со ефект 9-3.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 10:20