Репрезентативките на Атлетска Федерација на Македонија, Весна Кираџиева и Андријана Поп Арсова, викендов во Белград на Балканското првенство во маратон, во склоп на „Србија маратон“ беа втори во екипен пласман/жени и се закитија со сребрен медал.

Андријана Поп Арсова беше трета на Балканското во поединечна конкуренција и четврта севкупно, додека Кираџиева се пласираше како седма и десетта во севкупна конкуренција.

Марјан Бонев беше претставник кај мажите и влезе во топ десет, пласирајќи се на 10. позиција.

Кираџиева е поранешна рекордерка во маратон и шесткратна македонска шампионка во маратон, додека Поп Арсова е актуелна рекордерка и два пати државен првак во маратон.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 15:08