На Меѓународниот турнир во кик-бокс што од 15 до 17 ноември се одржа во Ниш, Србија, македонските натпреварувачи освоија 15 златни медали.

Најмногу од нив – шест се за клубот Шампион, три злата отидоа кај Про кик фемили, а по едно прво место изборија кик-боксерите на Гладијатор, Работнички Адора, Горила, Наско тим, Самурај и Лидер.

Носители на златни медали:

Клуб – Шампион: Андреа Костовска (сениори) – ЛК -56 кг. Марко Тодоров К-1 -60 кг. Емир Ибраим К-1 -63,5 кг. Викторија Варадинова К-1 -65 кг. Нелсон Узеир КЛ +69 кг. Сесилија Велковска КЛ -65 кг.

Клуб – Про Кик Фемили:

Стефан Михајловски (сениори) КЛ +94 кг. Марко Тодоровски (јуниори) КЛ -63 кг. Мија Стерјовска (јуниори) КЛ -55 кг.

Клуб – Гладијатор: Никола Нацев (јуниори) КЛ +94 кг.

Клуб – Горила: Виктор Велјановски (јуниори) КЛ -89 кг.

Клуб – Работнички Адора: Александар Георгиевски (јуниори) КЛ -74 кг.

Клуб – Самурај: Леа Бошевска (јуниори) КЛ – 50 кг.

Клуб – лидер: Јани Постолов (пионери) КЛ, -47 кг.

Клуб – Наско тим: Фериз Азири (млади јуниори) ЛК, -42 кг.

На турнирот учествуваа повеќе од 400 кик-боксери од осум држави.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 15:22