Иницијативниот одбор (ИО) за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет (МОК) изразува задоволство од поддршката што ја доби од Интернационалниот олимписки комитет и други меѓународни асоцијации.

ИО апелира МОК до 21 декември да ги преземе неопходните мерки за исполнувања на барањата за промени во структурата на Собранието и Управниот одбор.

Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението на ИО:

Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет, искажува задоволство од реакциите и поддршката што ни ја даваат Меѓународниот олимписки комитет и повеќе меѓународни асоцијации и федерации, во однос на исполнување на нашите барања мнозинството на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет да го сочинуваат претставници избрани од националните спортски федерации од олимписките спортови, кои ќе ги застапуваат интересите на спортистите и федерациите.

Рокот што Македонскиот олимпски комитет мора да го почитува е 21 декември 2019 година, но мора да се почитува и обврската во однос на структурата на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет да се уреди и промени на истиот ден.

Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет ќе ги продолжи своите активности делувајќи согласно националното законодавство и Олимписката спортска повелба во насока на почитување на сугестиите за учество на Собранието на Македонскиот олимписки комитет, притоа, Македонскиот олимписки комитет да ја почитува Олимписката спортска повела и почнувајќи од 21 декември 2019 година мнозинството на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет да го сочинуваат претставници избрани од националните спортски федерации од олимписките спортови.

Веруваме дека челниците на Македонскиот олимписки комитет се свесни и одговорни во однос на исполнување на обврските што ги имаат, со цел после триесетина години да одржат легитимно Собрание на Македонскиот олимписки комитет, со верифицирање на легитимни претставници, а донесените одлуки да ги потврдат избраниците на националните спортски федерации.

Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет го сочинуваат Атлетската, Боксерската, Боречка, Стрелачка, Карате, Бадминтон, Кајакарска, Пинг-понг, Шаховска федерација, Велосипедска, Мечувалечка, Коњичка, Едриличарска , Триатлон, Скијачка, Одбојкарска,, Хокеарска и Спортско качувачка федерација, но кон Иницијативниот одбор се приклучија голем број на национални спортски федерации од неолимиските спортови, како и истакнати спортисти и спортски работници, што уште повеќе ја зголемува нашата одговорност, стои во соопштението на Иницијативниот одбор за промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2019 10:31