Предводени од Јанис Адетокунбо, тимот на Милвоки ноќеска забележа победа на гостувањето кај Чикаго со 115:101. Гркот средбата во „Јунајтед центар“ ја заврши со 33 поени и 10 скока.

За Милвоки ова е 10.победа од почетокот на сезоната, додека Чикаго го претрпи десеттиот пораз.

Резултати на НБА натпреварите одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник: Њујорк – Кливленд 123:105 Бруклин – Индијана 86:115 Торонто – Шарлот 132:96 Чикаго – Милвоки 101:115 Хјустон – Портланд 132:108 Далас – Сан Антонио 117:110 Феникс – Бостон 85:99 Јута – Минесота 102:112 ЛА клиперс – Оклахома 90:88.

Во Западната конференција води ЛА лејкерс со 11-2 (победи-порази), пред Хјустон кој има 11-3. Лидер на Исток е Бостон со 11-2, пред Милвоки кој има биланс 10-3.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2019 10:53