Кристапс Порзингис е на мислење дека Лука Дончиќ игра на ниво што го сместува меѓу кандидатите за „најкорисен“ играч во НБА оваа сезона.

Летонецот дебитираше за Далас, а очекувањата за него и младата словенечка sвезда не се никако мали. Досега Маверикс има 8 победи и 5 порази, што ги става во зоната на плеј-оф рано во сезоната.

– Лука игра како МВП играч во моментов. Тој прави сè, прави секакви нешта – се пробива, освојува фаули, ефиксен е и шутира добро со топката. Тој прави сè и јас сум среќен што може да одржи тоа ниво во моментов, изјави Порзингис на адреса на Дончиќ кој има просечно по 29.5 поени, 10.7 скока и 9.3 асистенции по натпревар досега во сезоната.

Летонецот пак, од своја страна забележува 18,6 поени, 8,9 скока, 2,2 чадори и 1,6 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 19:29