Силен земјотрес ја погоди областа близу границата меѓу Тајланд и Лаос, но засега нема извештаи за жртви, и не е направена голема материјална штета.
Институтот за геолошки истражувања на САД соопшти дека земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја потресе областа на длабочина од 10 километри во 6,50 часот по локално време.
Жителите од областа во близина на епицентарот на земјотресот велат дека имало неколку последователни земјотреси.
Земјотресот беше почувствуван низ северниот дел на Тајланд дури и до Бангкок.