Агенција Европа објави интерен документ на Европската служба за надворешна акција во кој се бара мандатот на мисијата ЕУЛЕКС на Косово да биде продолжен до јуни 2022 со буџет од 77 милиони евра.

Документот до кој дошла агенцијата е наменет за европскиот политички и безбедносен комитет и предупредува дека на мисијата ќе и бидат потребни дополнителни две години за да ги заврши зацртаните задачи.

Мандатот на ЕУЛЕКС завршува на 14 јуни 2020.

-Ова не се должи на пораз на визијата за остварување на крајната цел, туку на евалуацијата според која поддршката што ја добива мисијата треба да биде поголема од предвиденото, или поради очигледна потреба од страна на Косово да се сочува наследството на ЕУЛЕКС, или поради извонредниот придонес на мисијата во дијалогот помеѓу Србија и Косово, стои во документот што го пренесува Агенција Европа.

Според Европската служба за надворешни работи, со која раководи шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, задачите кои ги врши мисијата на ЕУЛЕКС на Косово “продолжуваат да носат додадена вредност на интересите на ЕУ“, причина поради која тие треба да бидат пролонгирани до 14 јуни 2022, наместо 2020.

-Трансфер до јуни 2020 би можел да биде штетен за сочувувањето на наследството на ЕУЛЕКС, предупредуваат надворешните служби на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2019 12:02