Репрезентациите на Велика Британија, Германија и Србија се квалификуваа во четвртфиналето на „Дејвис купот“, неофицијалното светско тимско тениско натпреварување за мажи, кое се одржува во Мадрид. Сите три екипи забележаа успеси со 2:1 во победи, што им гарантираше прво место во соодветните групи.

Србија го победи шампионот од 2017 година, Франција. Во групата „Ц“, победник беше германскиот тим кој се справи со Чиле, додека во групата „Ф“ првото место го зазеде Велика Британија по успехот над Казахстан.

Четвртфиналето на турнирот започнува вечерва со натпреварот меѓу Австралија и Канада, а во петок се останатите три натпревари на програмата – Србија против Русија, Велика Британија против Германија и Аргентина против Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2019 01:55