Крилниот кошаркар Марко Симоновски, од денеска веќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако двете страни се согласија на раскин на договорот.

Репрезентативецот Симоновски од 2016 година беше играч на МЗТ и даваше свој придонес во двете шампионски титули, како и на таа во 2015 година кога првпат го облече дресот на овој клуб. Искусниот шутер си оди од МЗТ на само два дена пред вечното дерби со Работнички, и неговото заминување нема да биде лесно да се надомести со друг домашен играч.

Од МЗТ му се заблагодарија на Симоновски за прикажаното досега и му посакаа среќа во понатамошната кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2019 16:03