Тениската репрезентација на Русија во машка конкуренција, се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот, откако во интересното четвртфинале ја победија Србија со 2:1 во победи.

Најпрвин Рубљов го надигра Крајиновиќ, потоа Ѓоковиќ изедначи по триумфот над Хачанов, па решаваше дуелот во двојки. Србите Троицки и Ѓоковиќ во завршницата на третиот сет испуштија три меч-топки, пред рускиот дубл да ја заврши работата.

Во полуфиналето на завршницата која се одржува во Мадрид, Русија игра против Канада, која беше подобра од Австралија. Останатите полуфиналисти ќе е одредат откако ќе се одиграат и последните две четвртфиналиња: Шпанија – Аргентина и Велика Британија – Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2019 11:10