По победата над Макаби од 96:73 во кошаркарската Евролига, тренерот на Барселона, Светислав Пешиќ, го објасни неговиот однос со главната и најскапа ѕвезда во каталонскиот тим, Никола Миротиќ.

Во вторникот, за време на средбата со Фенербахче, Пешиќ и црногорскиот Шпанец имаа жестока размена на зборови и делуваше дека ќе се степаат, но според тренерот, тоа е нормален начин на комуникација

– Кога разговараат Србин и Црногорец, разговараат со висок интензитет и гласно. Луѓето гледаат од страна и мислат дека сме скарани, но не сме. Не сум луд, тој е нашиот најдобар играч. Со најдобрите никогаш сум немал проблеми во кариерата, вели Пешиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2019 13:28