На трите натпревари од седмата рунда во македонската Прва лига во кошарка, победи забележаа екипите кои важеа за фаворити.
Кожув до петтиот триумф оваа сезона дојде на дуелот со Пелистер, Академија ФМП ја запиша втората првенствена победа по поуспешното издание со Вардар, додека Куманово немаше проблеми против вториот тим на МЗТ.
Резултати: Куманово – МЗТ Скопје Уни Банка 95:65 Пелистер – Кожув 66:80 Академија ФМП – Вардар 95:66.
Утре играат Гостивар – Еуро Никел и Работнички – МЗТ Скопје Аеродром.
Кожув води со 12 бода, Гостивар, МЗТ Скопје Аеродром и Еуро Никел и Куманово имаат по 11, Работнички 10, Пелистер и Академија ФМП по 9, Вардар 7.