Роџер Федерер и Александар Зверев во комбинација ги запишаа своите имиња во Гинисовата книга на рекорди, откако во саботата одиграа егзибициски натпревар пред 42.517 луѓе во Мексико Сити.

Маестро го совлада својот противник со 3-6 6-4 6-2, но далеку позначаен беше фактот што обајцата го подобрија рекордот за присуство на тениски натпревар во историјата. Досега, тој беше е во сопственост на Серена Вилијамс и Ким Клајстерс, кои собраа 35.681 навивачи за нивниот демонстративен судир во 2010 година.

Историското шоу се случи на најголемата матадорска сцена во светот – „Плаза де Торос Мексико“ во главниот град на земјата. По натпреварот, Маестро го прокоментира искуството.

„Каква грешка беше да не доаѓам во Мексико 23 години! Неописливо искуство во толку убава земја. Играњето пред толку прекрасна публика беше извонредно. Ова е историски ден, ветувам дека нема да чекам уште 23 години до мојата следна посета, изјави Швајцарецот.

Саша, исто така, ја опиша вечерта како незаборавна, откако по мечот на Твитер напиша „Вива Мексико“.

Следната станица во турнејата на егзибициските дуели на двајцата е Кито. Федерер и Зверев веќе измерија сили во Чиле и Буенос Аирес.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2019 13:24