Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва на вечното кошаркарско дерби го совладаа Работнички на негов терен со убедливи 93:68.

„Гостите“ од Аеродром му дозволија на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб само во првата четвртина (17:18) да одржува резултатски приклучок, а потоа на теренот во „Градски парк“ доминираа „сините“. Резултатот во втората и третата четвртина беше 30:15 и 31:18, а Работнички успеа да ја добие само последната етапа (18:14).

На другиот вечерашен меч од 7.коло во Првата лига, Гостивар го победи Еуро Никел со 94:87.

На табелата водат Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром со по 13 бода, следуваат Кожув и Еуро Никел со по 12, Работнички и Куманово имаат по 11, следуваат Пелистер и Академија ФМП со по 9 бода, Вардар има 8, последен е МЗТ Скопје Уни Банка со 7 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 00:44