Победник во годинашното издание на Дејвис купот е репрезентацијата на Шпанија која во финалето во Мадрид ја совлада Канада со 2:0.

Првата победа на Шпанија и ја донесе Роберто Баутиста Агут кој во два сета (7:6 и 6:3) беше поуспешен од Феликс Оже-Алијасим.

„Салатарата“ на својата земја и ја обезбеди Рафаел Надал кој исто така со 2-0 (6:3 и 7:6) во сетови го победи Денис Шаповалов.

За шпанските тенисери ова е шести трофеј во престижното натпреварување и прв по 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 11:03