Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска ја повика Кина да го сочува Хонг Конг како слободен и отворен град, додека полицијата ги продолжува судирите со демонстрантите во текот на протестите во оваа полуавтономна кинеска територија.

На средбата со шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, јапонскиот премиер ја нагласи „важноста на Хонг Конг да му се дозволи да процвета според принципот една земја, два система“ , пренесе агенцијата Кјодо.

Околу 1.000 демонстранти се уапсени минатата недела во градот откако беа забарикадирани во зградата на Политехничкиот универзитет, а потоа и се судрија со полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 11:47