На вториот натпревар од Шампионат на Македонија во Мотокрос 2019 одржан викендот на патеката Орман 2 крај Скопје учествуваа 26 натпреварувачи поделени во четири класи МХ85, МХ1, МХ2 и МХ.

Во првиот натпревар во класата МХ1 победник беше кросистот Гоце Томовски од МК Гого-Скопје, во класата МХ2 Христијан Станковиќ од МК Ендуро Тим Водно – Скопје, класа МХ Зоран Каранфиловски исто така од МК Ендуро Тим Водно – Скопје и во класата МХ85 во која настапуваат најмладите натпреваувачи победи Антонијо Дамјановски од МК Хамачи Екстрим – Штип.

Истите натпреварувачи ги потврдија пласманите и на вторите трки и со самото тоа беа прогласени за победници во генералното класирање на овој натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 16:31