Тимот на Милвоки бакс стигна до 14.победа оваа сезона во НБА лигата, откако ја совлада Јута со 122:118. Играч на мечот беше Јанис Адетокунбо кој забележа дабл-дабл ефект со 50 поени и 14 скокови.

Резултати на другите натпревари одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник: Кливленд – Бруклин 106:108 Детроит – Орландо 103:88 Индијана – Мемфис 126:114 Атланта – Минесота 113:125 Бостон – Сакраменто 103:102 Мајами – Шарлот 117:100 Торонто – Филаделфија 101:96 Чикаго – Портланд 94:117 Сан Антонио – ЛА лејкерс 104:114 Голден стејт – Оклахома 97:100.

Пласман во Западната конференција: ЛА лејкерс 15-2 (победи-порази), Денвер 12-3, ЛА клиперс 12-5, Далас 11-5,…

Во Источната конференција води Милвоки со 14-3, пред Торонто, Мајами и Бостон кои имаат 12-4,…



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 12:13