Оваа сезона Ферари мислеше дека можат да го притиснат Мерцедес дури до Абу Даби.

Но, „сребрените стрели“ доминираа во првата половина од сезоната, така што за Италијанците остануца надежта за следната година.

Тимскиот шеф Матија Биното предвидува напорна зима и вели дека второто место во првенството никогаш нема да биде доволно.

– Секако, завршувањето на второ место не може да биде доволно добро достигнување за Ферари, затоа очекуваме прилично интензивна зима додека продолжуваме да се развиваме. Целта е да се вратиме посилни за да ги исполниме предизвиците што нè чекаат. Имаше подеми и падови во текот на сезоната: првиот дел од сезоната не помина како што се очекуваше, но јас го ценам фактот што не се откажавме, ги засукавме ракавите и го вративме ударот. Вреди да се напомене начинот на кој реагиравме по летната пауза – со три последователни победи и серија од шест последователни пол-позиции. Секако, нашата победа во Монца, која дојде само еден ден по неверојатното славење на нашата 90-годишнина, вели Биното.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 23:47