На силниот меѓународен турнир „Златна ракавица“ во Панчево, Србија, ќе настапа двајца македонски боксери. Јасин Љама кој победи на „Златен Гонг 2019“ ќе боксува во категоријата до 63 килограми, додека Арсим Етеми е пријавен во категоријата до 75 килограми.

Борбите започнуваат од утре и ќе траат до сабота.

Турнирот е еден од последните годинава во календарот на ЕУБЦ.

Се очекува во Панчево да настапат околу 100 боксери од 21 држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2019 19:08