Откако тимот на Ферари потфрли сезонава во Формула 1 шампионатот и не се покажа како достоен ривал на доминантниот Мерцедес, шефот на италијанскиот тим, Матија Биното изјави дека второто место не ги задоволува и мора да работат за да напредуваат в година.

– Се разбира, второто место не е доволно за Ферари. Ни претстои доста интензивна зима. Мора да работиме и да се развиваме. Целта е да се вратиме посилни и да бидеме подготвени за предизвиците кои се пред нас, наведе Биното.

Тој оцени дека првата половина од сезонава не била според очекувањата, но не се предале и задоволен е од реакцијата после летната пауза и сериите од три победи и шест пол-позиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2019 01:58