Поранешниот прв светски рекет Енди Мареј призна дека по операцијата ги ревидирал своите ставови за тренинг и подготовка за натпревари по операцијата.

Според него, тој го загрозил своето здравје заради премногу исполнет распоред.

– Тешко ми беше да признам, гледајќи во резултатите, дека правев погрешен распоред. Но, тоа беше неопходно, бидејќи операцијата што ја минав е многу сериозна за мојата возраст. Може ли да направам нешто поинаку? Може ли да работам напорно? Или требаше да беше попаметен?

Порано мислев дека колку повеќе часови поминав, толку подобро. Но, сега не мислам така. Тренирам помалку, но сепак можам да се натпреварувам на високо ниво. Кога стареете, почнувате да размислувате повеќе за тоа што правите и што можеше да се направи поинаку. Сега седам со метален колк и размислувам дека би можел да го избегнам ова, нагласи Мареј во изјава за британските медиуми.

Тој пред повеќе од еден месец го освои првиот трофеј по операцијата на колкот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2019 12:25