Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека гасоводот „Турски тек“ ќе биде пуштен на 8 јануари 2020 година во Истанбул.

Ердоган ова го изјави на церемонијата по повод почетокот на вториот гасовод ТАНАП, преку кој гасот од Азербејџан ќе доаѓа до Турција и Европа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција во првата недела од јануари следната година.

„Претседателите (на Русија и Турција) ќе се состанат по повод завршувањето на работите на Турски тек. Тие, исто така, ќе разговараат за билатералните односи, рече Песков.

На 19 ноември Газпром објави дека двата крака на гасоводот „Турски тек“ се полни со гас.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 09:50