Најмалку девет лица загинаа, а тројца се повредени во пад на авион во американската држава Јужна Дакота, соопштија денеска локалните власти.

Авионот со 12 патници се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот во градот Чемберлен.

Малиот авион бил на пат кон Ајдахо Фолс, во државата Ајдахо.

Локалните медиуми јавија дека во времето на полетувањето на авионот во Чемберлен во сила било предупредување за зимско невреме.

Властите соопштија дека лошото време ќе биде еден од факторите што ќе се испита, но причината за несреќата сè уште не е позната.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 10:27