Осум месеци пред почетокот на Летните олимписки игри во Токио, завршена е изградбата на олимпискиот стадион во јапонската престолнина, а отворањњто е закажано за 21 декември.

Стадионот во Токио има 60.000 седишта, а неговата изградба која заврши вчера, чинеше 1,4 милијарди долари. На овој стадион ќе се одржат церемониите на свеченото отворање и затворање на игрите следната година, а ќе има и фудбалски мечеви и натпреварувањата во атлетика.

Новиот објект е изграден на истото место на кое беше стариот олимписки стадион во Токио, направен за Олимписките игри во 1964 година. Бидејќи во лето во Токио е многу топло, има 185 големи вентилатори и осум распрскувачи на вода.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 10:40