Македонскиот кик боксер Мики Ивановски со победа над Илијан Томанов го заврши своето учество на Меѓународниот „Про-Фајт” натпревар што се одржа во Дупница, Р Бугарија.

Како што изјави Ивановски по натпреварот ова е 24 негова победа на меѓународните натпреварувања.

– Успешно ја завршив мојата 34 професионална борба со што досега имам 24 победи. Благодарност до Кирил Чакаров човекот кој ме покани во најпрестижната професионална спортска организација на вакви „Про-Фајт”. Организацијата на турнирот беше на највисоко ниво. Благодарност до сите оние со кои поминав поголем дел од подготовките и секако до моите колеги и ветувам за следните борби уште подобар настап, истакна Ивановски.

Ивановски и Томанов кои настапија како втори на Меѓународниот турнир „Про-Фајт” се натпреваруваа во категорија за кик-боксери до 86 килограми.

Мики Ивановски кој е носител на Светски куп на Меѓународна сцена освен 24 победи во „Про-Фајт” мечевите, како македонски репрезентативец има освоено еден бронзен медал на Светско првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 11:38