Бројот на загинати во автобуската несреќа во Далечниот исток на Русија се искачи на 19, а 22 лица се повредени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Меѓу загинатите има и две деца.
Несреќата се случи во регионот Трансбајкал кога автобус од мостот паднал во река.
Според портпаролот на Министерството, 14 повредени патници се хоспитализирани, а тројца се во сериозна состојба. Во несреќата загинал и возачот на автобусот.
Во автобусот имало вкупно 43 лица. Несреќата се случила откако пукнала гума по што возачот загубил контрола врз автобусот, изјави портпарол на локалната сообраќајна полиција.