Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека сите земји од Западен Балкан би требало да имаат европска перспектива, но оти не знае колку време е потребно за тоа.

Борел во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ оцени дека ЕУ треба да ги прилагоди своите методи, за да бидат поефикасни, а помалку реторички и да не дозволуваат губење на време.

– Промената на методите не значи и промена на крајната цел, која останува иста, посочи Борел.

Тој додаде дека мора се земе во оглед фактот што досегашните методи се покажа како недоволно ефикасни.

– Лично ќе работам заедно со комесарот за проширување, како би дал одговор на тоа. Тогаш земјите-членки ќе мора да донесат одлука за тоа. Но, не е етички да им се каже на земјите од поранешна Југославија дека ја изгубиле перспективата на Европа, истакна Борел.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2019 01:17