Победата на Еуро Никел над првакот МЗТ Скопје Аеродром од 92:78, најавува многу интересна сезона во македонското кошаркарско првенство.

Изедначеноста на во прволигашката конкуренција е голема и невидена во последните години. Дури четири тима (Кожув, Гостивар, МЗТ и Еуро Никел) имаат по шест победи и два порази, и се наоѓаат на првите четири позиции на табелата, додека веднаш ад нив со по 5-3 се Работнички и Куманово.

Победничката серија на МЗТ во салата „Јасмин“ ја прекинаа Каплановиќ со 27, Марзет со 26 и Караколев со 12 поени. Каплановиќ имаше и 12 скока. Кај МЗТ, пет играчи имаа двоцифрен број на поени, но кобна за аеродромци беше втората четвртина која ја загубија со 32:16.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2019 01:34