Илјадници баратели на азил кои живеат во Германија веќе биле депортирани или доброволно ја напуштиле земјата пред да се вратат и повторно да побараат азил, пишува весникот Велт.
До 30 октомври оваа година во Германија имаше 4.916 баратели на азил кои влегле во земјата двапати од 2012 година и тогаш биле или депортирани или отишле доброволно, по што повторно се вратиле и по третпат поднеле барање за азил, пишува весникот, повикувајќи се на информации од германската Влада.
Во Германија има 1.023 баратели на азил кои по четвртипат се обидуваат да добијат азил, а 294 се обиделе петпати или повеќе.
Според германското Федерално биро за статистика, 1,78 милиони луѓе дошле во земјата помеѓу 2010 и 2018 година барајќи прибежиште.